Цените на нафтата утрово стагнираат по големите флуктуации на почетокот на неделата иако Иран сè уште не дозволува танкери да минуваат низ Ормутскиот теснец, што не го спречува извозот на нафта од Блискиот Исток.

Цената на барел на лондонскиот пазар утрово падна за 0,4% на 87,45 долари, додека на американскиот пазар цената на барел се зголеми за 0,3% на 83,75 долари.

Меѓународната агенција за енергија предложи досега најголем пласман на нафта од резервите со цел да се намалат цените.

Доколку предлоготот биде усвоен, тоа  би ги надминало 182-та милиони барели што земјите членки ги пуштија на пазарот во две транши во 2022 година, по руската инвазија врз Украина,  што би било најголемо поединечно ослободување резерви досега.

 

Слични новости

Историски рекорд: Илон Маск стана првиот човек со богатство преку 800 милијарди долари

Американскиот бизнисмен Илон Маск стана прв човек во историјата чие богатство надминува 800 милијарди долари откако неговата фирма Спејс Икс ја купи неговата компанија за вештачка интелигенција ХАИ.