Цената на нафтата на берзите и утринава продолжи забрзано да расте. Фјучерсите на референтната нафта „Брент“ поскапеа за 3,14 насто на 90,87 долари за барел, достигнувајќи го највисокото ниво од 11-ти јуни. Американската сирова нафта ВТИ поскапе за 2,85 насто на 84,84 долари за барел.

Нафтата „Брент“ минатата седмица поскапе за 15,9 насто што е најголем неделн пораст на цената на нафтата од април, додека нафтата ВТИ поскапе за 15,5 насто.

Причина за постојаниот пораст на цената на нафтата се обновените судири меѓу Америка и Иран, кои го загрозуваат транспортот на енергентите низ Ормутскиот теснец. Американските сили утринава извршија деветти последователен напад врз Иран, додека Техеран ги гаѓаше Кувајт и Бахреин.

Слични новости

Америка ги гаѓаше мостовите и ја урна кулата од која Иран го контролираше поморскиот сообраќај

Америка ги гаѓаше мостовите и ја урна кулата од која Иран го контролираше поморскиот сообраќај

Американските оружени сили денеска ги проширија воздушните удари врз Иран при што погодија повеќе мостови, а ја урнаа и кулата за надзор на поморскиот сообраќај во пристаништето Чабахар.