Цените на нафтата пораснаа и тоа за 63,7 долари по барел за брендот „Брент“, а американската сирова нафта „ВТИ“ на околу 60 долари по барел, откако во петокот цената на нафтата го достигна најниското ниво во последните пет месеци.

Трејдинг економикс објавува дека на порастот на цената на нафтата влијаеше зголемувањето на надежите за намалување на трговските тензии меѓу Америка и Кина.

До растот на цените дојде по изјавите на американскиот претседател и неговите поблаги тонови кон Пекинг, откако во минатата недела објави нови царини за Кина од 100 проценти и контрола на американскиот извоз за Кина.

Слични новости