Цената на нафтата Брент денеска поскапе за два насто, откако воените удари на САД на југот од Иран ги загрижија инвеститорите кои се надеваат на мировна спогодба меѓу Вашингтон и Техеран.

Според податоците од отварањето на берзите, цената на нафтата Брент порасна за речиси два насто и изнесува 99 долари за барел, а цената на сировата американска нафта ВТИ порасна за 1,52 насто на 92,5 долари за барел.

Како последица на новите американски напади, денеска европските берзи се главно во пад.

Американската војска соопшти дека изврши напади на југот од Иран чии цели беа бродови кои се обидувале да постават мини во Ормутскиот теснец, како и локации за лансирање ракети, објави американската телевизија ЦНБЦ.  

Слични новости

САД ги намалија царините за тајванските чипови на 15 насто

САД и Тајван потпишаа трговски договор според кој Вашингтон ќе ги намали тарифите за тајванската стока на 15%, додека Тајпеи се обврза на план за елиминирање или намалување на тарифите за речиси сите американски стоки.

Европските индекси на рекордни нивоа

Европските берзански индекси денеска пораснаа на рекордни нивоа, откако паневрискиот STOXX скокна за повеќе од еден насто и ја проби границата од 6.100 поени.