Цената на нафтата Брент денеска поскапе за два насто, откако воените удари на САД на југот од Иран ги загрижија инвеститорите кои се надеваат на мировна спогодба меѓу Вашингтон и Техеран.
Според податоците од отварањето на берзите, цената на нафтата Брент порасна за речиси два насто и изнесува 99 долари за барел, а цената на сировата американска нафта ВТИ порасна за 1,52 насто на 92,5 долари за барел.
Како последица на новите американски напади, денеска европските берзи се главно во пад.
Американската војска соопшти дека изврши напади на југот од Иран чии цели беа бродови кои се обидувале да постават мини во Ормутскиот теснец, како и локации за лансирање ракети, објави американската телевизија ЦНБЦ.
Слични новости
САД издадоа дозвола на 30 дена за пристап кон руската нафта која се транспортира по морски пат
Американскиот министер за финансии Скот Бесент на социјалната мрежа Икс наведе дека потегот ќе им овозоможи дополнителна флексибилност на државите кои се соочуваат со енергетски проблеми и дека Вашингтон, по потреба, ќе издава и специјални дозволи.
Цената на нафтата Брент падна на 110 долари за барел
Цените на нафтата во однос на понеделникот паднаа првенствено поради смалените геополитички напнатости, откако американскиот претседател Доналд Трамп привремено го запре планираниот воен удар врз Иран.
Европските берзи во пораст, американските со благ минус
Европските берзански индекси главно се во благ раст. Европскиот Еуро стокс 50 порасна за 0,58 насто, германскиот Дакс се качи за 1,49 насто, а францускиот ЦАЦ за 0,44 насто.


