Цената на нафтата Брент денеска поскапе за два насто, откако воените удари на САД на југот од Иран ги загрижија инвеститорите кои се надеваат на мировна спогодба меѓу Вашингтон и Техеран.

Според податоците од отварањето на берзите, цената на нафтата Брент порасна за речиси два насто и изнесува 99 долари за барел, а цената на сировата американска нафта ВТИ порасна за 1,52 насто на 92,5 долари за барел.

Како последица на новите американски напади, денеска европските берзи се главно во пад.

Американската војска соопшти дека изврши напади на југот од Иран чии цели беа бродови кои се обидувале да постават мини во Ормутскиот теснец, како и локации за лансирање ракети, објави американската телевизија ЦНБЦ.  

Слични новости

Иран вели дека нема вишок нафта за продажба

Иранското Министерство за нафта ги оквалификува денеска како „психолошки трик“ изјавите на американскиот секретар за финансии Скот Бесант, кој рече дека Вашингтон привремено ги ублажува санкциите за да му дозволи на Техеран да продава нафта „што ја складирал на море“.

Денеска мал пад на цената на нафтата

Во раното тргување денес, нафтата Брент падна за 1,6 проценти на 106,90 долари за барел откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ќе престане со понатамошните напади врз гасните полиња на Иран