Цената на нафтата Брент денеска поскапе за два насто, откако воените удари на САД на југот од Иран ги загрижија инвеститорите кои се надеваат на мировна спогодба меѓу Вашингтон и Техеран.
Според податоците од отварањето на берзите, цената на нафтата Брент порасна за речиси два насто и изнесува 99 долари за барел, а цената на сировата американска нафта ВТИ порасна за 1,52 насто на 92,5 долари за барел.
Како последица на новите американски напади, денеска европските берзи се главно во пад.
Американската војска соопшти дека изврши напади на југот од Иран чии цели беа бродови кои се обидувале да постават мини во Ормутскиот теснец, како и локации за лансирање ракети, објави американската телевизија ЦНБЦ.
Слични новости
Цената на нафтата Брент скокна на над 115 долари за барел
Цената на нафтата Брент во март порасна за повеќе од 55 насто, што е најбрз месечен раст било кога забележан во историјата, пренесе американската телевизија Си Ен Би СИ.
Поради војната на Блискиот исток економистите очекуваат повисока инфлација и побавен раст во САД
Проекциите за економскиот раст на САД се намалени и сега проценката е дека растот на БДП-то во САД ќе изнесува 2,3 проценти, со послаба лична потрошувачка и побавен раст на вработувањата во првата половина од 2026.
Војната во Иран ги зголеми светските цени на ѓубривата за 40 насто
Војната во Иран резултираше со скок од 30-40% на цената на минералните ѓубрива од почетокот на годината, што ги загрозува меѓународните цени на храната.

