Цената на нафтата Брент денеска поскапе за два насто, откако воените удари на САД на југот од Иран ги загрижија инвеститорите кои се надеваат на мировна спогодба меѓу Вашингтон и Техеран.
Според податоците од отварањето на берзите, цената на нафтата Брент порасна за речиси два насто и изнесува 99 долари за барел, а цената на сировата американска нафта ВТИ порасна за 1,52 насто на 92,5 долари за барел.
Како последица на новите американски напади, денеска европските берзи се главно во пад.
Американската војска соопшти дека изврши напади на југот од Иран чии цели беа бродови кои се обидувале да постават мини во Ормутскиот теснец, како и локации за лансирање ракети, објави американската телевизија ЦНБЦ.
Слични новости
Европа може да се соочи со недостиг од дизел во мај
Азија досега беше најпогодена од прекините во снабдувањето со енергија од Блискиот Исток, а Европа би можела да се соочи со недостиг на дизел и авионско гориво најдоцна во мај
Светската Банка предупредува на економски последици од војната во Иран
Светската банка изрази сериозна загриженост за економските последици од војната во Иран, предупредувајќи на раст на инфлацијата, губење работни места и нарушување на снабдувањето со храна.
Цените на нафтата растат по обраќањето на Трамп до Американците
Цената на нафтата Брент повторно скокна и стигна до 107 долари по барел, што е раст повисок од 5 проценти во однос на вчерашниот ден, неколку часа откако американскиот претседател најави брзо завршување на војната со Иран

