Цената на нафтата Брент денеска поскапе за два насто, откако воените удари на САД на југот од Иран ги загрижија инвеститорите кои се надеваат на мировна спогодба меѓу Вашингтон и Техеран.
Според податоците од отварањето на берзите, цената на нафтата Брент порасна за речиси два насто и изнесува 99 долари за барел, а цената на сировата американска нафта ВТИ порасна за 1,52 насто на 92,5 долари за барел.
Како последица на новите американски напади, денеска европските берзи се главно во пад.
Американската војска соопшти дека изврши напади на југот од Иран чии цели беа бродови кои се обидувале да постават мини во Ормутскиот теснец, како и локации за лансирање ракети, објави американската телевизија ЦНБЦ.
Слични новости
САД подготвува економски притисок врз Иран
Aмериканскиот министер за финансии Скот Бесент предупреди дека САД се подготвуваат да го засилат економскиот притисок врз Иран, велејќи дека републиканската администрација подготвува акција што ќе биде „финансиски еквивалент“ на кампањата за бомбардирање.
Европските индекси неизедначени, цената на нафтата Брент 95 долари
Според податоците од берзите, цената на сировата нафта денеска падна за 0,27 насто на 91 долар за барел, додека нафтата Брент порасна за 0,12 насто на околу 95 долари за барел.
Рено планира укинување на 15-20 насто од инженерските позиции поради силната конкуренција од Кина
Францускиот производител на автомобили Рено објави дека ќе укине 15-20 насто од работните позиции во глобалниот инженерски сектор поради силната конкуренција од Кина, што ќе погоди околу 2.000 вработени во наредните две години.


