Цената на нафтата Брент денеска поскапе за два насто, откако воените удари на САД на југот од Иран ги загрижија инвеститорите кои се надеваат на мировна спогодба меѓу Вашингтон и Техеран.
Според податоците од отварањето на берзите, цената на нафтата Брент порасна за речиси два насто и изнесува 99 долари за барел, а цената на сировата американска нафта ВТИ порасна за 1,52 насто на 92,5 долари за барел.
Како последица на новите американски напади, денеска европските берзи се главно во пад.
Американската војска соопшти дека изврши напади на југот од Иран чии цели беа бродови кои се обидувале да постават мини во Ормутскиот теснец, како и локации за лансирање ракети, објави американската телевизија ЦНБЦ.
Слични новости
Цените на нафтата и денеска во пораст
Цените на нафтата и денеска го продолжија својот раст, зголемувајќи се за повеќе од еден долар по застојот на мировните преговори меѓу Иран и САД
Благ пад на цената на нафтата на берзите по продолжувањето на примирјето од страна на САД
Според податоци од берзите цената на суровата нафта паднала за 0,91% на 88,850 долари, додека нафтата Brent се намалила за 0,65% на 98,012 долари.
Европските берзански индекси денеска бележат претежно благ раст, откако американскиот претседател Доналд Трамп го продолжи двонеделното примирје меѓу САД и Иран.
Луфтханза укинува 20 000 летови поради скапиот керозин
Во план е да бидат укинати 20.000 кратки летови, што е промена во стратегијата на германскиот превозник, кој дополнително се бори со непрофитабилните рути и последиците од штрајковите.


