Цената на нафтата Брент денеска поскапе за два насто, откако воените удари на САД на југот од Иран ги загрижија инвеститорите кои се надеваат на мировна спогодба меѓу Вашингтон и Техеран.

Според податоците од отварањето на берзите, цената на нафтата Брент порасна за речиси два насто и изнесува 99 долари за барел, а цената на сировата американска нафта ВТИ порасна за 1,52 насто на 92,5 долари за барел.

Како последица на новите американски напади, денеска европските берзи се главно во пад.

Американската војска соопшти дека изврши напади на југот од Иран чии цели беа бродови кои се обидувале да постават мини во Ормутскиот теснец, како и локации за лансирање ракети, објави американската телевизија ЦНБЦ.  

Слични новости

Нови американски напади врз Иран

Нови американски напади врз Иран

САД извршија нови воздушни напади врз воена локација во иранскиот град Бандар Абас, стратешко пристаниште во близина на Ормутскиот Теснец.
Според американската Централна команда, целта била уништена непосредно пред да биде лансиран дрон, а американските сили собориле уште четири ирански беспилотни летала кои претставувале закана во регионот.