Цената на нафтата Брент денеска поскапе за два насто, откако воените удари на САД на југот од Иран ги загрижија инвеститорите кои се надеваат на мировна спогодба меѓу Вашингтон и Техеран.
Според податоците од отварањето на берзите, цената на нафтата Брент порасна за речиси два насто и изнесува 99 долари за барел, а цената на сировата американска нафта ВТИ порасна за 1,52 насто на 92,5 долари за барел.
Како последица на новите американски напади, денеска европските берзи се главно во пад.
Американската војска соопшти дека изврши напади на југот од Иран чии цели беа бродови кои се обидувале да постават мини во Ормутскиот теснец, како и локации за лансирање ракети, објави американската телевизија ЦНБЦ.
Слични новости
Европската централна банка соопшти дека инфлаторните очекувања на граѓаните во еврозоната пораснаa на 4 насто
Граѓаните на еврозоната очекуваат дека просечната инфлација во наредните 12 месеци ќе изнесува 4 насто, што е значајно повеќе од февруарската проекција на инфлација од 2,5 насто.
Продажбата на Тојота падна за повеќе од 7 насто
Јапонскиот производител на автомобили Тојота мотор забележа пад на продажбата на возила ширум светот втор месец по ред, пред се поради намалената побарувачка на Блискиот исток.
Цената на нафтата надмина 110 долари за барел
Утрово на берзите нафтата од типот Брент порасна за 1,7% на 110, 1 долар, а цената на американската сурова нафта Фјучерси WTI порасна за 1,6 % на околу 98 долари за барел, достигнувајќи двонеделен максимум.


