Цената на нафтата Брент денеска поскапе за два насто, откако воените удари на САД на југот од Иран ги загрижија инвеститорите кои се надеваат на мировна спогодба меѓу Вашингтон и Техеран.
Според податоците од отварањето на берзите, цената на нафтата Брент порасна за речиси два насто и изнесува 99 долари за барел, а цената на сировата американска нафта ВТИ порасна за 1,52 насто на 92,5 долари за барел.
Како последица на новите американски напади, денеска европските берзи се главно во пад.
Американската војска соопшти дека изврши напади на југот од Иран чии цели беа бродови кои се обидувале да постават мини во Ормутскиот теснец, како и локации за лансирање ракети, објави американската телевизија ЦНБЦ.
Слични новости
Цената на нафтата Брент надмина 101 долар како последица на новите тензии меѓу САД и Иран
На лондонската берза фјучерсите за Брент поскапеа за 1,29 долари и сега се продаваат по цена од 101,35 долари за барел.
Германската индустрија во пад втор месец по ред
Во март германската индустрија неочекувано забележа пад втор месец по ред, што ја засили загриженоста за најголемата европска економија која се соочува со последиците од војната во Иран.
САД и дадоа на ЕУ рок до 4-ти јули за трговски договор
Американската администрација и даде рок до 4 јули на ЕУ да го исполни својот дел од трговскиот договор со САД во спротивно американските царини за европскиот блок ќе достигнат значително повисоки нивоа.


