Цената на нафтата Брент денеска поскапе за два насто, откако воените удари на САД на југот од Иран ги загрижија инвеститорите кои се надеваат на мировна спогодба меѓу Вашингтон и Техеран.
Според податоците од отварањето на берзите, цената на нафтата Брент порасна за речиси два насто и изнесува 99 долари за барел, а цената на сировата американска нафта ВТИ порасна за 1,52 насто на 92,5 долари за барел.
Како последица на новите американски напади, денеска европските берзи се главно во пад.
Американската војска соопшти дека изврши напади на југот од Иран чии цели беа бродови кои се обидувале да постават мини во Ормутскиот теснец, како и локации за лансирање ракети, објави американската телевизија ЦНБЦ.
Слични новости
Трамп: Прекинот на огнот во Иран се одржува на апарати
На новинарско прашање дали прекинот на огнот е сè уште на сила, Tрамп од овалната соба рече дека е „неверојатно слаб“ и се одржува на апарати. Иранскиот одговор на предлогот на САД го нарече „ѓубре“ кое што не го дочитал до крај.
Најголемите европски нафтени компании остварија екстра профит
Трите најголеми европски нафтени компании Шел, БП и Тотал Енерџиз остварија во првиот квартал од годината значајни дополнителни приходи благодарение на големите осцилации на светските енергетски пазари, објави Фајненшал тајмс.
Дубаи и Абу Даби претрпеа големи штети од војната на Блискиот исток
Берзите во Дубаи и Абу Даби изгубија околу 120 милијарди долари вредност за краток период. Туризмот претрпе крах откако пополнетоста на хотелите падна на само 20%, додека воообичаено изнесува меѓу 70 и 80%.


