Цените на нафтата пораснаа во вторник по најновата ескалација на тензиите меѓу САД и Иран.

Суровата нафта Брент порасна за 3,5 проценти на 93,51 долари за барел поради загриженоста дека Иран би можел да ја задржи нафтата во Персискиот Залив ако продолжи да ги блокира танкерите да го напуштат Ормускиот теснец.

Ова е пресврт откако во петокот цените на нафтата паднаа кога Иран соопшти дека го отвара Ормутскиот теснец за комерцијален сообраќај.

И покрај порастот на цената на нафтата, американските берзански индекси останаа стабилни во очекување што ќе се случи по истекот на примирјето меѓу САД и Иран.

Слични новости

Цените на нафтата растат по обраќањето на Трамп до Американците

Цените на нафтата растат по обраќањето на Трамп до Американците

Цената на нафтата Брент повторно скокна и стигна до 107 долари по барел, што е раст повисок од 5 проценти во однос на вчерашниот ден, неколку часа откако американскиот претседател најави брзо завршување на војната со Иран