Цените на нафтата на крајот на тргувањето на светските берзи во петокот паднаа за повеќе од пет проценти, по извештајот дека се обновуваат преговорите меѓу САД и Иран.

Тоа ги поттикна очекувањата дека дипломатско решение би можело да придонесе за смирување на тензиите на Блискиот исток, пренесе Трејдинг економикс.

Цената на нафтата Брент падна на 95 долари за барел, а американската лесна нафта ВТИ се продаваше за 88 долари за барел.

Во меѓувреме од петокот, американскиот претседател Доналд Трамп нареди американската војска да престане со нападите врз Иран и рече дека Техеран станува се посериозен во преговорите.

 

Слични новости

Дизелот во Франција никогаш поскап, литарот достигна до 2,7 евра за литар

Дизелот во Франција никогаш поскап, литарот достигна до 2,7 евра за литар

Просечната цена на дизелот во Франција денеска достигна рекордни 2,4 евра за литар, надминувајќи го претходниот рекорд од 2,38 ерва за литар забележан во април годинава, покажуваат податоците на француската влада.