Цените на нафтата во вторникот на меѓународните пазари останаа над нивото од 73 долари, балансирајќи меѓу зголеменото производство во Норвешка и зголемените тензии во односите меѓу Русија и САД.
На лондонскиот пазар цената на барелот во попладневното тргување беше речиси непроменета во однос на вчерашното затворање на трговијата и изнесуваше 73,18 долари. Вчера го затвори тргувањето со добивка од 2,26 долари.
Позначителни ценовни промени денеска немаше ниту на американскиот пазар каде со барелот се тргуваше по 68,97 долари. Вчера го затвори тргувањето во плус од 2,14 долари.
Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) одделно објави дека во понеделник цената на барелот од референтната нафтена кошничка на нејзините членки бил речиси непроменета и изнесува 71,2 долари.
На почетокот од седмицата пазарите беа поттикнати од прекинот на производството на норвешкото нафтоносно поле Свердруп во Северното Море, најголемото во Западна Европа. Производството е прекинато поради прекинот на струјата на копното, објави норвешкиот енергетски гигант „Equinor“, истакнувајќи дека поправките веќе се започнати. Во вторникот компанијата објави дека делумно ги обновила операциите за екстракција на нафта.
„Претпоставувам дека цените се стабилизираа поради делумното обновување на производството на полето Свердруп и поради нешто посилниот долар“, шпекулира Џовани Стауново од UBS.
Посилниот долар ја кочи побарувачката од купувачите со други валути.
Противтежа на нормализацијата на производството во Норвешка беше стравот од ескалација на руско-украинскиот конфликт, откако американскиот претседател на заминување Џо Бајден ѝ дозволи на Украина да користи американско оружје за напади подлабоко на руска територија, изјавија во неделата двајца американски официјални лица и неименуван извор.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата рече дека ракетите ќе зборуваат самите за себе, а Кремљ во понеделникот објави дека соодветно ќе одговори на „непромислената“ одлука на кабинетот на Бајден, која според нив го зголемува ризикот од конфликт меѓу Русија и НАТО.
Инвеститорите се претпазливи, објаснува аналитичарот на „Fujitomi Securities“, Тошитака Тазава, и се обидуваат да сфатат во која насока ќе оди руско-украинската војна по ескалацијата во текот на викендот.
Во вторникот руското Министерство за одбрана објави дека украинските сили истрелале шест ракети АТАCMS кон руската област Брјанск пред мугрите, додавајќи дека системот за противвоздушна одбрана соборил пет. Шестиот проектил кој бил погоден паднал на „техничката територија“ на воената локација во Брјанск и предизвикал пожар кој бил изгаснат, соопштуваат од министерството и додаваат дека нема повредени и не е направена материјална штета.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно во вторникот потпиша указ за ратификација на ревидираната руска нуклеарна доктрина, а рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изрази надеж дека Западот внимателно ќе го прочита.
Украинскиот напад со АТАCMS проектили врз руски Брјанск „се јасен сигнал“ дека Западот сака да го ескалира конфликтот, оцени Лавров, нагласувајќи дека употребата на софистицирано американско оружје не е можно без американска помош, како во професионално обучен кадар така и во сателитско насочување на проектилите.
Слични новости
Европските инвеститори претпазливи, индексите благо растат
На европските берзи се тргува претпазливо во средата, со благ пораст на индексите, додека инвеститорите ги очекуваат новите квартални деловни извештаи од компаниите и пораките од челниците на американската централна банка
Доларот слабее, цената на нафтата паѓа
На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо падна по два дена раст
На Волстрит закрепна технолошкиот сектор
На Волстрит во вторникот пораснаа индексите S&P 500 и Nasdaq, најмногу благодарение на закрепнувањето на цените на акциите во технолошкиот сектор, по остриот пад претходниот ден