Утрово на берзите нафтата од типот Брент порасна за 1,7% на 110, 1 долар, а цената на американската сурова нафта Фјучерси WTI порасна за 1,6 %  на околу 98 долари за барел, достигнувајќи двонеделен максимум.

Растот на цената на нафтата продолжува бидејќи  пазарот е во неизвесност поради застојот во преговорите за завршување на конфликтот меѓу САД и Иран и повторно отворање на Ормускиот теснец.

Иран преку Пакистан соопшти дека непријателствата би можеле да престанат, ако САД ја укинат поморска блокада, се согласат  на ревидирана рамка за транзит низ Ормускиот теснец и дадат гаранции дека нема да има идни воени дејствија.

Но, Вашингтон го отфрли предлогот од Иран, бидејќи со овој предлог не е опфатена иранската нуклеарна програма.

Слични новости

Дубаи со залихи за храна уште неколку дена

Дубаи и поширокиот регион на Заливот увезуваат помеѓу 80 и 90 проценти од нивната храна, а дури 70 проценти од храната за земјите од Заливот поминува низ Ормутскиот теснец.

Британците панично купуваат бензин во очекување на големи поскапувања

Бензиските пумпи во Бекенам, јужен Лондон привремено останаа без гориво, а многу возачи пристигнуваа со канистри за да се снабдат за подолг временски период. Стравот од недостиг на гориво е забележлив и во други градови во Велика Британија, објавува „Дејли меил“.