Утрово на берзите нафтата од типот Брент порасна за 1,7% на 110, 1 долар, а цената на американската сурова нафта Фјучерси WTI порасна за 1,6 % на околу 98 долари за барел, достигнувајќи двонеделен максимум.
Растот на цената на нафтата продолжува бидејќи пазарот е во неизвесност поради застојот во преговорите за завршување на конфликтот меѓу САД и Иран и повторно отворање на Ормускиот теснец.
Иран преку Пакистан соопшти дека непријателствата би можеле да престанат, ако САД ја укинат поморска блокада, се согласат на ревидирана рамка за транзит низ Ормускиот теснец и дадат гаранции дека нема да има идни воени дејствија.
Но, Вашингтон го отфрли предлогот од Иран, бидејќи со овој предлог не е опфатена иранската нуклеарна програма.
Слични новости
Турската економија би можела да загуби десетици милијарди долари ако потрае војната со Иран
Извозот на Турција во земјите на Блискиот исток надминува 30 милијарди долари, а регионот остварува и седум милјарди долари приход од туризам.
Иран се закани дека ниту еден литар нафта нема да биде извезен од Блискиот исток
Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека нема да дозволи извоз на „ниту еден литар нафта“ од Блискиот Исток доколку САД и Израел продолжат да напаѓаат.
Пад на цените на нафтата
Цената на суровата нафта Брент падна за околу 4,3% на 94,62 долари за барел во понеделник до 23:45 часот по источно време.


