Цените на нафтата на светските берзи синожа завршија со пад од четири насто, со што ги достигнаа најниските вредности од крајот на февруари.

Меѓународно референтната нафта „Брент“ се продаваше за 73 долари за барел, а американската сирова нафта ВТИ се продаваше за околу 69 долари за барел, пренесе Трејдинг економикс.

На поевтинување на нафтата и другите енергенти влијаеше обновата на танкерскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец и зголемувањето на извозот на нафтата од Перискиот залив.

Слични новости

Драстичен пад на цените на нафтата по најавите за прекин на нападите меѓу САД и Иран

Драстичен пад на цените на нафтата по најавите за прекин на нападите меѓу САД и Иран

Утрово цената на нафтата се намали за 8% откако САД и Иран ги прекинаа нападите едни против други во текот на викендот, во услови на напори за оживување на дипломатијата. Цената на нафтата Брент на берзите падна на 90 долари за барел, а цената на американската сурова нафта WTI се намали на 83,6 долари за барел.

Во Хонг Конг на секои шест месеци се уништуваат 20.000 непродадени парчиња гардероба од брендот „Шанел“.

Во Хонг Конг на секои шест месеци се уништуваат 20.000 непродадени парчиња гардероба од брендот „Шанел“.

Многу непродадени луксусзни производи се уништуваат заради зачувување на ексклузивноста и заштитата од сивата економија, иако Европската Унија ја забрани оваа практика.