Северноморската нафта „брент“ поевтини за 0,7 проценти, на околу 114,47 долари за барел, додека американската сурова нафта WTI падна за 1,1 процент, на 101,65 долари за барел, според податоците од утринското тргување.

Цените на нафтата на светските берзи денеска бележат пад, откако надежите за обновување на мировните преговори меѓу САД и Иран ги намалија стравувањата од прекини во снабдувањето со енергенси на Блискиот Исток.

И покрај надежите за дипломатско решение, ризиците за снабдувањето остануваат високи поради продолжените напади на Блискиот Исток.

Слични новости

Владата го намали ДДВ-то за дизелот од 18 на 10 проценти – повластената стапка од вечерва по полноќ до полноќ на 28 септември

Владата го намали ДДВ-то за дизелот од 18 на 10 проценти – повластената стапка од вечерва по полноќ до полноќ на 28 септември

Владата го намалува ДДВ-то за дизелот од 18 на 10 отсто. Кај бензините, согласно пресметките, се очекува зголемување од околу 3,5 денари, што значи дека новата цена би изнесувала околу 100,5 денари за литар за Еуросупер БС-95, односно 102,5 денари за литар Еуросупер БС-98.