Цените на нафтата достигнаа 74 долари на меѓународните пазари во средата во пресрет на состанокот на водечките производители кои, според извори, се подготвуваат повторно да го одложат зголемувањето на понудата.
На лондонскиот пазар попладнето со барелот се тргуваше за 38 центи повисока од вчерашната цена на затворање од 74 долари, кога ја затвори вчерашната трговија со добивка од 1,79 долари.
На американскиот пазар со барелот денеска се тргуваше по цена од 32 центи повисока, по 79,26 долари. Вчера го затвори тргувањето во плус 1,84 долари.
Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) засебно објави дека дека во вторник цената на барелот од референтната нафтена кошничка на нејзините членки пораснала за 43 центи, на 72,37 долари.
Вниманието на трговците во вторникот беше привлечено од честите израелски напади врз Либан, и покрај минатонеделниот договор за прекин на огнот. Тел Авив ги правда обвинувањата против либански Хезболах кој своите акции ги правда со израелско прекршување на прекинот на огнот, а водечките либански функционери апелираат до гарантите на договорот – САД и Франција, да го засилат притисокот врз Израел да ги запре воените операции.
„Некои трговци стравуваат дека во такви услови тензиите би можеле да се прошират и во други земји во регионот на Блискиот исток“, објаснува Џовани Стауново од UBS.
„Конфликтите во Либан не ги загрозија испораките од регионот, но трговците внимателно ќе следат за можни знаци на тензија меѓу Иран и Израел во следните месеци“, додава Стауново.
Нервоза на пазарите предизвика и неочекуваната офанзива на џихадистичките групи поддржани од турската артилеија врз сирискиот град Алепо. Сириската армија соопшти дека во нападот загинале неколку десетици војници, а одговор најави и претседателот Башар ал-Асад.
Трговците, исто така, беа затекнати од одлуката на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол вчера да прогласи вонредна состојба. Парламентот го отфрли неговиот декрет во рок од неколку часа, а претседателот подоцна го повлече. Потоа, парламентарците подготвија предлог-закон за импичмент на претседателот.
„Цените на нафтата се зголемија поради прекршувањето на примирјето во Либан, прогласувањето на вонредна состојба во Јужна Кореја и офанзивата на исламистичките групи во Сирија“, потврдува Пријанка Сачдева од „Phillip Novа“.
„Сепак, нагорниот тренд не ги подигна цените над 75 долари, што сугерира дека пазарите можеби повеќе не се толку чувствителни на геополитички и економски настани, шпекулира Дилин Ву од „Pepperstone“.
OPEC и нејзините сојузници големи независни производители предводени од Русија и познати како групата OPEC+ од претходно преку извори сигнализираа дека имаат намера да ја одложат одлуката за зголемување на понудата до крајот на првиот квартал од следната година на состанокот во четврток.
„Поради нивните сигнали, одлуката веќе е вметната во цените“, забележува Ву.
Цените беа намалени со зголемувањето на залихите на нафта во САД минатата седмица, за 1,2 милиони барели, според пазарни извори кои се повикуваат на податоци од здружението на производители API. Зголемени се и залихите на бензин, за дури 4,6 милиони барели, и тоа во неделата во која „падна“ Денот на благодарноста, кога Американците обично повеќе патуваат и побарувачката се зголемува.
Слични новости
Светската побарувачка на јаглен руши рекорди
Побарувачката ќе остане релативно стабилна до крајот на 2027 година, бидејќи обновливите извори на енергија играат сè поголема улога во производството на електрична енергија
Забрзана инфлацијата во ЕУ
На ниво на 27-члената Европска унија, годишната стапка на инфлација во ноември изнесува 2,5 отсто, откако во октомври беше зголемена за 2,3 отсто
Домаќинствата од јануари ќе плаќаат за 0,92 отсто поскапа струја
Просечната цена на струјата за домаќинствата од 1 јануари 2025 ќе се зголеми за 0,92 проценти, објави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.