Цената на нафтата Брент денеска се качи на над 110 долари, што е поскапување за 1.90 насто, додека цената на сировата нафта порасна за 2,32 насто и се тргува за над 107 долари по барел.

Европските берзански индекси денеска се главно во минус, а вредноста на еврото во однос на доларот падна на и сега едно евро е 1.16 долари.

Фјучерсите за гас се продаваат по цена од 47,7 евра за мегават час.

Пад забележа и цената на златото која сега изнесува 4.543 долари за една унца.

Слични новости

Италијанската банка Уникредит забележа рекорден квартал со пораст на нето добивката за 16,1 насто

Италијанската банка Уникредит забележа рекорден квартал со пораст на нето добивката за 16,1 насто

Италијанската банка Уникредит денеска соопшти дека во првиот квартал на 2026 забележа најдобар квартален резултат во историјата, со раст на нето добивката за 16,1 насто меѓугодишно.