Цените на нафтата паднаа за повеќе од 3 насто, при што референтната нафта Брент поевтини на под 102 долари за барел, приближувајќи се кон најниското јниво во последниот месец.
Истовремено, американската сурова нафта ВТИ падна под 96 долари за барел, што е најниско ниво во последните три недели, пренесе Трејдинг економикс.
Со тоа продолжи падот на цените од минатата сесија, кога Брент нафтата поевтини за 7,6 насто, а ВТИ за 7,4 насто, откако е намалена загриженоста за можните пореметувања на снабдувањата со нафта од Блискиот исток.
Слични новости
Падот на акциите на технолошките копании го урна оптимизмот на американските берзи
Падот на вредноста на производителите на чипови влијаеше на целиот пазар, па акциите на компанијата „Мајкрон технолоџи“ отидоа во минус за повеќе од пет насто, додека „АМД“ и „Бродком“ ослабнаа за 3, односно 2 насто.