Цената на сировата нафта денеска падна на светските берзи за 3,48 насто на 95,5 долари за барел, а цената на нафтата Брент падна за 1,35 насто на 98 долари за барел. Падот на цената на нафтата е последица на охрабрувањето на инвеститорите со изјавите на американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс и очекувањата да продолжат мировните преговори меѓу САД и Иран.

Венс порача дека Вашингтон и Техеран воделе „добри разговори“ минатиот викенд кои помогнале да се разјаснат приоритетите на САД, вклучувајќи го и повторното отварање на Ормутскиот теснец.

Како резултат на охрабрувачките вести од САД европските берзи се денеска во плус. Франкфуртската берза порасна за 0,95 насто, Француската за 0,37, а Лондонската за 0,25 проценти.

Слични новости

Најниски вредности на акциите на Волстрит во 2026

Најниски вредности на акциите на Волстрит во 2026

Акциите на американските берзи продолжуваат да паѓаат под притисок на високата цена на енергентите предизвикани од војната во Иран. Дау Џоунс падна за 1,56 насто и годинава за прв пат затвори под 47 000 поени.