Цената на нафтата Брент падна на околу 110 долари за барел, односно поевтини за 1,5 насто во однос на претходниот ден.

Цената на сировата американска нафта ВТИ, според податоците од берзите падна од 104,4 долари на 103.78 долари или за 0,58 насто.

Цените на нафтата во однос на понеделникот паднаа првенствено поради смалените геополитички напнатости, откако американскиот претседател Доналд Трамп привремено го запре планираниот воен удар врз Иран.

Пазарите и берзите веднаш реагираа на веста, а цените на нафтата благо поевтинија.

Слични новости

Најголемите европски нафтени компании остварија екстра профит

Најголемите европски нафтени компании остварија екстра профит

Трите најголеми европски нафтени компании Шел, БП и Тотал Енерџиз остварија во првиот квартал од годината значајни дополнителни приходи благодарение на големите осцилации на светските енергетски пазари, објави Фајненшал тајмс.