Цената на нафтата Брент падна на околу 110 долари за барел, односно поевтини за 1,5 насто во однос на претходниот ден.
Цената на сировата американска нафта ВТИ, според податоците од берзите падна од 104,4 долари на 103.78 долари или за 0,58 насто.
Цените на нафтата во однос на понеделникот паднаа првенствено поради смалените геополитички напнатости, откако американскиот претседател Доналд Трамп привремено го запре планираниот воен удар врз Иран.
Пазарите и берзите веднаш реагираа на веста, а цените на нафтата благо поевтинија.
Слични новости
Цените на нафтата пораснаа откако Трамп кажа дека Кина ќе купува американска нафта
Цената на сировата нафта тип од типот „Брент“ порасна за 1,17 долари, односно 1,11 отсто, на 106,89 долари за барел. Американската „лесна“ нафта поскапе за 1,10 долари односно за 1,09 отсто, на 102,27 долари за барел.
Неизбежно е поскапувањето на авионските билети во Европа
Авионските билети во Европа најверојатно ќе поскапат во пресрет на летната сезона, бидејќи авиокомпаниите не можат долгорочно да ги покриваат зголемените трошоци за млазно гориво.
Европските индекси и натаму во пораст, нафтата Брент 106 долари за барел
Европските берзански индекси денеска втор ден по ред се во плус, додека вниманието на светските берзи е насочено кон дводневниот самит во Пекинг меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг.


