Цената на нафтата Брент денеска благо падна на светските берзи, по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД нема да го нападнат Иран пред изборите за Конгресот закажани за 3-ти ноември, со коментар дека Вашингтон и Техеран водат продуктивни разговори.
Спорд податоците на берзата референтната нафта Брент денеска на берзите падна за 0,96 насто на 103,2 долари за барел, додека американската лесна нафта ВТИ падна за 0,71 насто на 90,8 долари за барел.
Трамп истовремено порача дека американската поморска блокада на Иран останува во сила.
Слични новости
Американските берзански индекси С и П 500 и Насдак на нови историски максимуми
Индексите пораснаа поддржани од силниот раст на технолошките компании и падот на приносот од американската државна обврзница, пренесе Си-Ен-Би-Си.
Нафтата Брент околу 100 долари за барел, по новите нестабилности на Блискиот исток
Цената на меѓународната референтна нафта Брент денеска повторно се тргува за околу 100 долари за барел, откако во претходната сесија падна на 98 долари за барел.
Европските индекси во плус, нафтата Брент падна на 101 долар за барел
Денеска на берзите цената на нафтата Брент падна за 0,74 насто на 101,5 долари за барел, а американската лесна нафта ВТИ падна за 1.29 насто на 89,9 долари за барел.


