Цената на нафтата Брент повторно поскапе и изнесува над 103 долари за барел и се движи кон неделен пораст.
До тоа дојде поради ескалацијата на тензиите на Блискиот исток и пореметувањата во снабдувањето со нафта.
Овие параметри беа посилни од очекувањата дека ослободувањето на нафтатата од итните резерви ќе го ублажи притисокот на пазарот, пренесува Трејдинг економикс.
Американската сирова нафта ВТИ се задржа на околу 98 долари за барел, што претставува раст од 6 проценти во однос на почетокот на неделата.
Слични новости
Порастот на цената на енергентите на светските пазари ќе се рефлектира врз цената на парното во Македонија
Кога во јули се пресметувала новата цена на парното, природниот гас бил калкулиран по околу 40 евра за мегават-час. Денес берзанските цени се движат над 70 евра, а во одредени периоди достигнувале и околу 80 евра.
Еврото падна на најниско ниво во последните 17 месеци
Еврото падна на најниско ниво од мај 2025 година, притиснато од зголемената загриженост на инвеститорите за политичките и фискалните ризици во Европа.Заедничката европска валута ослабе за дури 0,8 отсто, во азиското тргување.
Нафтата поевтини, европските берзи во плус
Европските акции главно се во плус откако глобалните обврзници се стабилизираа по силната распродажба, а пазарите и натаму ги притиска силната загриженост поради фискалната ситуација во Франција.


