Цената на референтната нафта Брент денеска надмина 107 долари за барел, откако американскиот претседател Доналд Трамп го одби предлогот на Иран за окончување на конфликтот и повторно отварање на Ормутскиот теснец.

Цената на нафтата Брент се зголеми за 2,89 насто и сега изнесува 107,34 долари за барел, додека американската сирова нафта ВТИ порасна за 1,87 насто на 94,14 долари за барел.

Трамп ја одби понудата на Техеран за окончување на војната и повторно отварање на Ормутскиот теснец и им порача на сојузниците да очекуваат продолжување на американските удари врз Иран по изборите за Конгресот во ноември, објави „Волстрит џурнал“.

Слични новости

Цените на нафтата повторно растат, Трамп порача дека нема да се извини

Цените на нафтата повторно растат, Трамп порача дека нема да се извини

Фјучерсите на нафтата Брент порасна за 1,45 долари за барел и достигнаа цена од 88,52 долари за барел, додека цената на американската лесна нафта ВТИ порасна за 1,14 долари за барел и се продава за 82,40 долари за барел.