Цената на референтната сирова нафта Брент порасна на 101,35 долари за барел на светските берзи, поради повторната ескалација на тензиите меѓу САД и Иран.

На лондонската берза фјучерсите за Брент поскапеа за 1,29 долари и сега се продаваат по цена од 101,35 долари за барел.

Поскапе и маериканската нафта ВТИ и сега нејзината цена за еден барел изнесува 95,86 долари.

И покрај инцидентите во Ормутскиоте теснец, американскиот претседател Доналд Трамп порача дека примирјето со Иран е сеуште во сила. 

Слични новости

Европските индекси на рекордни нивоа

Европските берзански индекси денеска пораснаа на рекордни нивоа, откако паневрискиот STOXX скокна за повеќе од еден насто и ја проби границата од 6.100 поени.

Лани профиотот на Мерцедес падна за 50 насто

Германскиот производител на автомобили Мерцедес-Бенц денеска објави дека неговиот профит опадна од 10,4 милијарди евра во 2024 на 5,3 милијарди евра во 2025, што претставува намалување за речиси 50 насто.