Цената на нафтата Брент денеска падна на помалку од 100 долари за барел, а европските индекси пораснаа по вестите за преговори меѓу САД и Иран кои би можеле да ја окончаат војната на Блискиот исток.

Според податоците на берзата, цената на сировата нафта падна за 6,02 насто на 86,77 долари по барел, а цената на нафтата Брент падна за 5,82 насто на 97,72 долари.

Њујорк тајмс објави дека САД му испратиле на Иран предлог од 15 точки насочен кон окончување на војната.

Слични новости

Лукоил ги продава странските имоти на американската компанија Карлајл

„Лукоил“ објави дека ќе ги продаде своите странски имоти на американската инвестициска група „Карлајл“, неколку месеци откако САД воведоа санкции против втората по големина руска нафтена компанија, заедно со „Роснефт“.