Цените на нафтата денеска пораснаа за околу еден насто по долг период на пад на цената, откако предвидувањата за глобалната понуда останаа на стабилно ниво по американскиот напад врз Венецуела.

Цената на нафтата Брент се движи на околу 61,7 долари по барел, а американската сирова нафта има цена од 58,2 долари по барел, пренесе Трејдинг економикс.

Иако Венецуела ги поседува најголемите докажани резерви на сирова нафта во светот, децениите на недоволно вложување во енергетската инфратсруктура на земјата и ги ограничија извозните потенцијали.

Влијание на стабилноста на цената на нафтата има и тоа што ОПЕК ја повтори посветеноста нивото на производство на нафта да остане непроменето во првиот квартал.

Слични новости

Пазарите на криптовалутите во екстремен страв,биткоинот под 57 000 евра

Пазарите на криптовалутите во екстремен страв,биткоинот под 57 000 евра

Индексот на страв и лакомост за биткоин се наоѓа на нивото 8 во категоријата „екстремен страв“, уште полошо во однос на вчерашниот индекс 10, што сугерира дека сентиментот на пазарот на криптовалутите е исклучително лош.