Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат и достигнаа најниско ниво за една недела, откако инвеститорите позитивно реагираа на сигналите дека судирот на Блискиот исток би можел да се смири по дипломатски пат.

Трејдинг економикс пишува дека истовремено дојде и до подобрување на глобалното снабдување со нафта.

Цената на референтната нафта Брент падна на 86,3 долари за барел, додека американската лесна сирова нафта ВТИ ослабна на 81 долар за барел.

Оптимизмот на берзите ја поттикна изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Вашингтон „води добри преговори со Иран“ и дека има можност да се постигне договор.

Слични новости

Пекинг одби да му достави на Брисел податоци за гигантот JD.com

Пекинг одби да му достави на Брисел податоци за гигантот JD.com

Кина им забрани на своите компании и на другите субјекти да помагаат во спроведувањето на истражните мерки на Европската унија во постапката против кинеската интернет компанија JD.com, оценувајќи дека Брисел ги прекорачува своите овластувања.