Цената на кафето од сортата арабика продолжува да расте осми ден со ред достигнувајќи го денеска својот историски максимум, како последица на намалените испораки и во пресрет на веројатното намалување на жетвата во Бразил во 2025 година предизвикано од топлото и суво време.

Од почетокот на годината цената на арабиката порасна за 21 отсто.

Цените на термински испорако за сортата арабика на берзата International Exchange Inc. (ICE) во понеделикот пораснаа за 2,4 отсто до 3,87 долари за фунта (0,4 килограми), претходно за време на тргувањето достигнувајќи историски врв од 3,88 долари.

Во меѓувреме, земјоделците во Бразил го чуваат родот непродаден, надевајќи се на натамошен раст на цените на зрната во услови на неизвесни прогнози за жетвата оваа сезона.

Според ICE, заклучно со 31. јануари, резервите на сертифицирана арабика изнесуваа 867.582 вреќи, што е за 11,5 отсто помалку споредбено со крајот на 2024 година.

Цената на поевтината сорта, робуста, се намали за 0,9 отсто на 5.668 долари за метричики тон.

globe

Слични новости

Доларот зајакна, нафтата поскапе

Доларот зајакна, нафтата поскапе

Доларот порасна откако Вашингтон воведе царини, бидејќи американската валута се смета за побезбедно засолниште за капиталот во неизвесните времиња

Доларот зајакна минатата седмица, еврото падна по намалувањето на каматните стапки на ЕСВ

Доларот зајакна минатата седмица, еврото падна по намалувањето на каматните стапки на ЕСВ

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна минатата седмица бидејќи централната банка на САД ги остави каматните стапки непроменети, додека еврото ослабе откако Европската централна банка дополнително ги намали каматните стапки