Цената на кафето од сортата арабика продолжува да расте осми ден со ред достигнувајќи го денеска својот историски максимум, како последица на намалените испораки и во пресрет на веројатното намалување на жетвата во Бразил во 2025 година предизвикано од топлото и суво време.

Од почетокот на годината цената на арабиката порасна за 21 отсто.

Цените на термински испорако за сортата арабика на берзата International Exchange Inc. (ICE) во понеделикот пораснаа за 2,4 отсто до 3,87 долари за фунта (0,4 килограми), претходно за време на тргувањето достигнувајќи историски врв од 3,88 долари.

Во меѓувреме, земјоделците во Бразил го чуваат родот непродаден, надевајќи се на натамошен раст на цените на зрната во услови на неизвесни прогнози за жетвата оваа сезона.

Според ICE, заклучно со 31. јануари, резервите на сертифицирана арабика изнесуваа 867.582 вреќи, што е за 11,5 отсто помалку споредбено со крајот на 2024 година.

Цената на поевтината сорта, робуста, се намали за 0,9 отсто на 5.668 долари за метричики тон.

globe

Слични новости

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо растат

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо растат

На европските берзи се тргува претпазливо во средата, со благ пораст на индексите, додека инвеститорите ги очекуваат новите квартални деловни извештаи од компаниите и пораките од челниците на американската централна банка

На Волстрит закрепна технолошкиот сектор

На Волстрит закрепна технолошкиот сектор

На Волстрит во вторникот пораснаа индексите S&P 500 и Nasdaq, најмногу благодарение на закрепнувањето на цените на акциите во технолошкиот сектор, по остриот пад претходниот ден