Цената на кафето од сортата арабика продолжува да расте осми ден со ред достигнувајќи го денеска својот историски максимум, како последица на намалените испораки и во пресрет на веројатното намалување на жетвата во Бразил во 2025 година предизвикано од топлото и суво време.
Од почетокот на годината цената на арабиката порасна за 21 отсто.
Цените на термински испорако за сортата арабика на берзата International Exchange Inc. (ICE) во понеделикот пораснаа за 2,4 отсто до 3,87 долари за фунта (0,4 килограми), претходно за време на тргувањето достигнувајќи историски врв од 3,88 долари.
Во меѓувреме, земјоделците во Бразил го чуваат родот непродаден, надевајќи се на натамошен раст на цените на зрната во услови на неизвесни прогнози за жетвата оваа сезона.
Според ICE, заклучно со 31. јануари, резервите на сертифицирана арабика изнесуваа 867.582 вреќи, што е за 11,5 отсто помалку споредбено со крајот на 2024 година.
Цената на поевтината сорта, робуста, се намали за 0,9 отсто на 5.668 долари за метричики тон.
Слични новости
И „Mercedes“ ја тужи ЕК поради царините за електричните автомобили од Кина
Германскиот производител на луксузни автомобили „Mercedes-Benz“ ја тужи Европската комисија поради царините за електричните автомобили од Кина
Германија е во длабока економска криза
Германија е во длабока економска криза, објави во вторникот здружението на индустријалците BDI, проценувајќи дека активноста во најголемата економија во еврозоната благо ќе се намали и во 2025 година
Европските инвеститори претпазливи, индексите благо растат
На европските берзи се тргува претпазливо во средата, со благ пораст на индексите, додека инвеститорите ги очекуваат новите квартални деловни извештаи од компаниите и пораките од челниците на американската централна банка