Цената на кафето од сортата арабика продолжува да расте осми ден со ред достигнувајќи го денеска својот историски максимум, како последица на намалените испораки и во пресрет на веројатното намалување на жетвата во Бразил во 2025 година предизвикано од топлото и суво време.
Од почетокот на годината цената на арабиката порасна за 21 отсто.
Цените на термински испорако за сортата арабика на берзата International Exchange Inc. (ICE) во понеделикот пораснаа за 2,4 отсто до 3,87 долари за фунта (0,4 килограми), претходно за време на тргувањето достигнувајќи историски врв од 3,88 долари.
Во меѓувреме, земјоделците во Бразил го чуваат родот непродаден, надевајќи се на натамошен раст на цените на зрната во услови на неизвесни прогнози за жетвата оваа сезона.
Според ICE, заклучно со 31. јануари, резервите на сертифицирана арабика изнесуваа 867.582 вреќи, што е за 11,5 отсто помалку споредбено со крајот на 2024 година.
Цената на поевтината сорта, робуста, се намали за 0,9 отсто на 5.668 долари за метричики тон.
Слични новости
Пад на Волстрит, Fed не ги промени каматите
Цените на акциите паднаа на Волстрит во средата, најмногу во технолошкиот сектор, бидејќи инвеститорите се фокусираа на состанокот на челниците на американската централна банка, кои ги оставија каматните стапки непроменети
Цените на нафтата паднаа кон 77 долари
Цените на нафтата паднаа на 77 долари на меѓународните пазари во средата, бидејќи знаците за послаба побарувачка во САД се надоврзаа на нормализацијата на понудата од Либија
И „Mercedes“ ја тужи ЕК поради царините за електричните автомобили од Кина
Германскиот производител на луксузни автомобили „Mercedes-Benz“ ја тужи Европската комисија поради царините за електричните автомобили од Кина