Цената на кафето од сортата арабика продолжува да расте осми ден со ред достигнувајќи го денеска својот историски максимум, како последица на намалените испораки и во пресрет на веројатното намалување на жетвата во Бразил во 2025 година предизвикано од топлото и суво време.
Од почетокот на годината цената на арабиката порасна за 21 отсто.
Цените на термински испорако за сортата арабика на берзата International Exchange Inc. (ICE) во понеделикот пораснаа за 2,4 отсто до 3,87 долари за фунта (0,4 килограми), претходно за време на тргувањето достигнувајќи историски врв од 3,88 долари.
Во меѓувреме, земјоделците во Бразил го чуваат родот непродаден, надевајќи се на натамошен раст на цените на зрната во услови на неизвесни прогнози за жетвата оваа сезона.
Според ICE, заклучно со 31. јануари, резервите на сертифицирана арабика изнесуваа 867.582 вреќи, што е за 11,5 отсто помалку споредбено со крајот на 2024 година.
Цената на поевтината сорта, робуста, се намали за 0,9 отсто на 5.668 долари за метричики тон.
Слични новости
Германските компании масовно ќе укинуваат работни места
Германските компании, првенствено во индустрискиот и во трговскиот сектор, планираат да ги намалат работните места, објави економскиот институт Ifo
Благ раст на европските и азиските берзи
На европските берзи се тргуваше претпазливо во четвртокот претпладнето, додека инвеститорите ги очекуваа одлуките од состанокот на челниците на Европската централна банка (ЕСВ) и се надеваа на дополнително намалување на каматните стапки
Доларот стабилен, цената на нафтата стагнира
На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути е речиси непроменета