Цената на златото на берзите падна на под 4.000 долари за унца, достигнувајќи го најниското ниво од средината на јули, додека вредноста на племенитиот метал на неделно ниво ослабна за речиси 4 насто.

На тоа влијаеа растот на цената на нафтата и очекувањата дека каматните стапки во САД ќе останат на високи нивоа подолго отколку што се очекуваше, пренесе Трејдинг економикс.

Цената на нафтата Брент постигна највисоко ниво во изминатите четири години по нападите на јеменските Хути во Саудиска Арабија, што ја зголеми загриженоста за можни нови пореметувања во снабдувањето со енергенти.

Слични новости

Американските берзи пораснаа по податоците за инфлацијата, силен напредок во секторот за вештачка интелигенција

Американските берџзански индекси пораснаа откако новите податоци покажаа дека инфлацијата во САД во јули беше во согласност со очекувањата, што дополнително го намали притисокот врз Федералните резерви повторно да ги покачат каматните стапки.