Цената на златото денеска падна за повеќе од 3 проценти и се спушти на цена пониска од 4.000 долари за унца, со што го достигна најниското ниво од ноември минатата година.
Главната причина за падот на цената на златото е растот на американскиот долар, како и се поизразените очекувања дека американските Федерални резерви би можеле дополнително да ја заострат монетарната политика, пренесува Трејдинг економикс.
Растот за очекувања на поицоски каматни стапки го зголеми негативното влијание врз пазарот на племенитите метали, затоа што златото не носи каматната добивка и станува помалку атрактивно во однос на другите форми на вложувања.
Слични новости
Цената на нафтата брент падна на 76 долари за барел
Цените на нафтата и денеска остварија благ пад, бидејќи се повеќе се смирува стравот од недостиг на нафта на берзите. Сировата нафта денеска се продаваше за 72 долари за барел, а референтната нафта „Брент“ за 76 долари за барел.
Надворешниот долг на Македонија се искачи на речиси 13 милијарди евра
Според најновите податоци на Народната банка, на крајот на првиот квартал од 2026 година бруто надворешниот долг достигнал 12,94 милијарди евра, што претставува зголемување од 742 милиони евра или 6,1 проценти во однос на крајот на 2025 година.
Цената на сировата нафта 73 долари за барел, најниска во последните три месеци
Цените на нафтата и денеска паѓаат. Сировата нафта падна на 73 долари за барел, а цената на нафтата „брент“ падна на 77 долари за барел.


