Цената на златото, во меѓувреме, утрово достигна ново рекордно ниво од 4.375 долари за унца, бидејќи неизвесноста на финансиските пазари ги поттикна инвеститорите да бараат побезбедни засолништа за својот капитал.
Неизвесноста околу глобалната трговија е еден од двигателите на скокот на цената на златото до нов рекорден максимум.
„Поради трговските тензии, многу глобални централни банки купуваат злато, а пониските каматни стапки и послабиот американски долар помагаат. Ова не е реакција на загриженоста за глобалната економија, туку политичка неизвесност“, коментира Сем Стовал, аналитичар во „CFRA Research“.
А на валутните пазари, од друга страна, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути падна трет ден со ред, па индексот на доларот е на пат кон загуба оваа седмица од околу 0,6 отсто.
Индексот на доларот, кој ја искажува изведбата на американската валута во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 98,25 поени, додека вчера во истиот термински пресек беше 98,60 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 151,05 на 150,15 јени.
Американската валута, исто така, ослабе во споредба со европската, па цената на еврото достигна 1,1705 долари, додека вчера во истото време чинеше 1,1655 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, благо паднаа. На лондонскиот пазар, цената на барелот утрово падна за 0,03 отсто, на 61,05 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот падна за 0,05 отсто, на 57,85 долари.
Слични новости
Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството
Швајцарските компании планираат да преместат дел од своите операции и производство во странство за да го ублажат влијанието на американските царини, според анкета на деловната асоцијација economysuisse
Производството на чај во Индија опадна во октомври
Производството на чај во Индија опадна во октомври поради неповолните временски услови во државата Асам
Цените на нафтата на 64 долари
Цените на нафтата се искачија на 64 долари во петокот на меѓународните пазари, а инвеститорите шпекулираат дека намалената понуда од Венецуела во случај на воена интервенција на САД ќе ги принуди кинеските и американските рафинерии да бараат замена


