Цената на златото во тргувањето во четвртокот утрото достигна ново рекордно ниво од 4.234 долари за унца, што е последица на неизвесноста на финансиските пазари, поради што инвеститорите бараат побезбедни засолништа за својот капитал.
На валутните пазари, пак, вредноста на доларот во однос на кошничката валути падна втор ден по ред поради трговскките тензии меѓу САД и Кина, како и очекувањата дека американската централна банка наскоро дополнително ќе ги намали каматните стапки.
Индексот на доларот, кој ја искажува изведбата на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 98,60 поени, додека вчера во истиот пресек од тртгувањето беше 99,05 поени.
Истовремено време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 151,80 на 151,05 јени.
Американската валута ослабе и во споредба со европската, па цената на еврото достигна 1,1655 долари, додека вчера во истиот период чинеше 1,1605 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа откако американскиот претседател Доналд Трамп тврдеше дека индискиот премиер Нарендра Моди наводно му ветил дека неговата земја ќе престане да купува нафта од Русија, која сочинува околу една третина од увозот на нафта во Индија.
На лондонскиот пазар, цената на барелот утрово се зголеми за 0,89 отсто, на 62,45 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 1,02 отсто, на 58,85 долари.
Слични новости
Пазарот на криптовалутите се опоравува
Вредноста на биткоинот денеска порасна за 4,64 насто и изнесува 78.816 евра, што укажува на продолжување на опоравувањето на криптовалутите, по големиот пад во понеделникот.
Десет големи европски банки правата нова стабилна криптовалута врзана за еврото
Десет големи европски банки постигнаа договор преку заедничката фирма Кивалис да создадат нова стабилна криптовалута (Стејблкоин) врзана за еврото за да создадат алтернатива на американските криптовалути
Стелантис го намалува производството
Според проценките на синдикатите производството во пет француски фабрики за склопување автомобили се очекува да падне за околи 11 проценти меѓу 2025 и 2028 година.


