Цената на златото денес повторно е во фокусот на светските финансиски пазари, откако благородниот метал се искачи на ниво од околу 128 до 130 евра за грам, додека една унца злато достигна над 4.000 евра.

Според аналитичарите, растот на цената е поттикнат од глобалната економска неизвесност, инфлациските притисоци и зголемената побарувачка за сигурни инвестиции.

Инвеститорите традиционално се насочуваат кон златото во периоди на нестабилност на берзите и геополитички тензии.

Во последните месеци интересот за инвестициско злато е значително зголемен и кај граѓаните, кои сѐ почесто купуваат златни плочки и монети како форма на заштеда.

Слични новости

Морган Стенли укинува 2.500 работни места

Намалувањето на бројот на работните места се случи во три главни дивизиски банки- инвестициското банкарство и трговијата, управување со богатството и управување со инвестициите.

Стравот од долга војна ги подигна цените на енергентите кон максимум

Цените на гасот се ближат кон тригодишниот максимум, додека цената на нафтата Брент надмина 84 долари по барел. На берзите завладеа страв дека војната на САД и Израел против Иран ќе трае подолго од тоа што се очекуваше.