Европските фјучерси за гас за ноември на амстердамската берза достигнаа цена од 99 евра за мегават час, односно околу 1.040 евра за 1.000 кубни метри гас. Со тоа цената на гасот во Европа го достигна највисокото ниво за последните четири години.

Пополнетоста на европските складишта за гас изнесува 76,4 насто што е многу под вообичаеното ниво за овој период од годината, а компанијата катар енерџи го продолжи прекинот на снабдување за одредени купувачи до крајот на декември, пренесува Ројтерс.

Трговците страхуваат дека европските земји на почетокот од зимата ќе дојдат во ситуација да се натпреваруваат со азиските држави за ограничени испораки на течниот природен гас ЛНГ.

Слични новости

Три години војна во Газа

Три години војна во Газа

Пред три години почна војната во Газа, предизвикана од нападот на Хамас врз Израел. Епилогот е што околу два милиони жители на Газа се и натаму раселени, а многумина живеат во шатори меѓу урнатините.