Албанија го блокира ТикТок за една година, поради влијанието на социјалните мрежи врз насилството меѓу младите. Одлуката следи по убиството на 14-годишен ученик во Тирана, кое е поврзано со расправија на социјалните мрежи. Одлуката беше објавена од министерката за образование, Огерта Манастирлиу, како дел од пакет мерки за заштита на младите.
Владата најави дополнителни мерки за заштита на децата и подобрување на дигиталната безбедност. Албанскиот премиер Еди Рама објави дека ТикТок ќе биде целосно исклучен за сите корисници во земјата, во времетраење од една година.
„Една година целосно ќе го исклучимеТикТокод Албанија. Ова е неопходен чекор за да ги заштитиме нашите деца од насилство и штетни влијанија,“ истакна Рама.
Главниот проблем денес не се нашите млади, туку начинот на кој општеството и платформите како ТикТок влијаат врз нив. Тие ги држат нашите деца како заложници, што е неприфатливо“ изјави Рама.
Слични новости
Десетици илјади на протести во Белград и во Ниш
Големиот студентски протест во центарот на Белград, на кој се приклучија земјоделци и бројни граѓани, започна со скандирања „Вучиќ, оди си“ и „Рацете ви се крвави“.
Вучиќ порача дека нема да има преодна влада во Србија; СПЦ со загриженост следи атмосфера на конфронтација во општеството
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во неделата дека нема да има преодна влада, преки која опозицијата бара „да дојде на власт без избори“
Кинеската компанија ќе бара итно објаснување од Албанија по одлуката за блокирање на TikTok
Кинеската технолошка компанија „„ByteDance“, во чија сопственост е платформата за размена на кратки видеа TikTok ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со одлуката за затворање на платформата на една година во Албанија