Христијанско-демократската унија ЦДУ остана прв политичка сила на локалните избори во Долна Саксонија, пред германските Социјалејдемократи а крајно десничарската АФД е трета.

На локалните избори одржани во неделата на кои право на глас имаа 6,3 милиони избирачи ЦДУ освои 27,2 насто од гласовите, СПД 24,6, додека АФД освои 15,9 насто од гласовите, пренесува денеска „Шпигел“.

И покрај тоа што е третопласирана АФД оставри најголем раст во однос на минатите локални избори во 2021 кога освои само 4,6 насто од гласовите, додека ЦДУ и СПД паднаа во процентот на освоени гласови.

Резултатите на локалните избори се сметаат за важен показател за расположението на избирачите преде парламентарните избори следната година, оценува „Шпигел“.

Слични новости

Рубио до сојузниците: САД во моментов не планираат нови удари врз Иран

Американскиот државен секретар Марко Рубио ги извести сојузниците на САД дека Вашингтон во овој момент не планира нови напади врз Иран и дека наместо кон воена акција ќе се насочи кон заострување на санкциите и други облици на притисок врз Техеран.

Хегсет: Освен санкциите САД не ја исклучуваат и употребата на воена сила против Иран

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека американската администрација не ја исклучува употребата на воена сила против Иран, иако официјален Вашингтон воведе ригорозни санкции против Иран.