Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето за договорите за јавни набавки на општините во 2025 година. 80-те општини и Градот Скопје во 2025 година склучиле вкупно 4.300 договори за јавни набавки во вредност од рекордни 21,9 милијарди денари, односно 356 милиони евра.
Вредноста на општинските тендери во изборната 2025 година се зголемила речиси двојно во однос на претходната година и изнесувала колку во претходните две години заедно. Најголема вредност на јавните набавки по жител има Чаир, по 2381 евро,
Општините лани склучиле договори за јавни набавки со 1.185 фирми, но повеќе од една четвртина од вкупната вредност на локалните тендери завршила кај само 10 фирми.
Слични новости
СДСМ: Цените растат, минималната плата останува 26.000 денари
Опозицискиот СДСМ обвинува дека Владата предводена од Христијан Мицкоски не презема мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните, додека трошоците за живот и цените продолжуваат да растат.
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче две недели не ги објавува најавените анкети
ВМРО-ДПМНЕ го обвини лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека две недели не ги објавува анкетите што ги најавил, а кои, според партијата, требало да покажат раст на рејтингот на СДСМ и пад на довербата во ВМРО-ДПМНЕ.
Во Македонија слаб интерес за претседателските избори во Бугарија
Само 265 бугарски државјани кои живеат во Македонија се пријавиле за да можат денеска да гласат на претседателските избори во Бугарија на седум определени гласачки места низ земјата.


