Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето  за договорите за јавни набавки на општините во 2025 година. 80-те општини и Градот Скопје во 2025 година склучиле вкупно 4.300 договори за јавни набавки во вредност од рекордни 21,9 милијарди денари, односно 356 милиони евра.

 Вредноста на општинските тендери во изборната 2025 година се зголемила речиси двојно во однос на претходната година и изнесувала колку во претходните две години заедно. Најголема вредност на јавните набавки по жител има Чаир, по 2381 евро,

 Општините лани склучиле договори за јавни набавки со 1.185 фирми, но повеќе од една четвртина од вкупната вредност на локалните тендери завршила кај само 10 фирми.

 

Слични новости

Полицијата разбива група осомничена за шверц на лекови

Полицијата разбива група осомничена за шверц на лекови

Голема полициска акција е во тек на повеќе локации во Скопје, Чаир, Тетово и Гевгелија, во рамки на истрага против криминална група осомничена за криумчарење и нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи, како и за коруптивни кривични дела.

СДСМ: Ходник дипломатијата не може да се претставува како средба на високо политичко ниво

СДСМ: Ходник дипломатијата не може да се претставува како средба на високо политичко ниво

СДСМ реагира на начинот на кој премиерот Христијан Мицкоски ја претставува посетата на САД, оценувајќи дека неформалниот разговор со американскиот државен секретар Марко Рубио во ходник не може да се претставува како официјална средба на високо политичко ниво.