Новите царини на американската администрација на Доналд Трамп врз Канада, Мексико и Кина, би можеле да го намалат американскиот извоз за 22 насто, доколку погодените држави возвратат со контрамерки, се наведува во денеска објавената анализа на Институтот за економски истражувања од Минхен.

Според оваа анализа, извозот на Канада би паднал за 28 насто, а извозот на Мексоко би паднал за дури 35 насто. Најмалку погодена би била Кина чиј извоз се предвидува да падне за 3,8 насто, затоа што Кина е во состојба своите продукти да ги пренасочи на други пазари.

Вкупниот германски извоз би пораснал за 0,5 насто, но стручњаците нагласуваат дека станува збор за „меч со две оштрици“.

„Од една страна, американските царини ќе ја намалат побарувачката на канадското и мексиканското стопанство за германски стоки. Од друга страна, германскиот извоз во САД би заменил дел од извозот на земјите погодени со царини. Меѓутоа, поради заканите на Трамп дека наскоро ќе воведе царини и за земјите на ЕУ, се чини дека и Германија ќе биде погодена“, се вели во анализата.

Доколку Канда, Мексико и Кина не возвратат со царини, извозот од Канада би опаднал за 17 насто, а од Мексико за 21 насто. Кинескиот експорт без контрамерки би паднал за 2,7 насто, а американскиот за 14 насто.

 

 

Слични новости

Европските инвеститори претпазливи, индексите стагнираат

Европските инвеститори претпазливи, индексите стагнираат

На европските берзи во вторник претпладнето се тргува претпазливо, при што индексите стагнираат, додека инвеститорите ја следат ситуацијата откако Вашингтон ја одложи примената на царините за увоз од Канада и Мексико, но не и од Кина